Дај згреши нешто
за да ги пуштам
внатрешните птици на слобода
да се испружам на црвен килим
и да уживам илјада години
во самотијата на Маркез
раскажана со лелеави букви
дај направи нешто
да те казнам без судење
и да ги пуштам
внатрешните ангели надвор.
nedjelja, 21. kolovoza 2011.
petak, 19. kolovoza 2011.
куклите ме водат
Куклите ме водат дома
во градот на тагата
во земјата со големи разочарувања
каде еден наивен човек
среќата ја градел со црвени цигли
а јас волонтирам за ситна добрина
и спијам заштитена со сребрени пајажини
куклите ме водат на места постојано исти
а јас со овие аматерски пишувања
ги носам во бајки
во кои ништо не може да биде горчливо.
во градот на тагата
во земјата со големи разочарувања
каде еден наивен човек
среќата ја градел со црвени цигли
а јас волонтирам за ситна добрина
и спијам заштитена со сребрени пајажини
куклите ме водат на места постојано исти
а јас со овие аматерски пишувања
ги носам во бајки
во кои ништо не може да биде горчливо.
во себе верувам
Некој создал свет за шест дена
а јас поминувам низ десет врати
пешачам дење и ноќе по стрмнини
танцувам на конец
и правам се за да стигнам
до далечниот светилник на книжевниците
а во себе верувам
бидејки другите велат оделе по трња
а јас боса чекорам по стакло
бидејки гладот и жедтта не ги чувствувам
а храмовите постојат само за восхит
и верувам во себе
иако знам дека ништо не се исплати.
а јас поминувам низ десет врати
пешачам дење и ноќе по стрмнини
танцувам на конец
и правам се за да стигнам
до далечниот светилник на книжевниците
а во себе верувам
бидејки другите велат оделе по трња
а јас боса чекорам по стакло
бидејки гладот и жедтта не ги чувствувам
а храмовите постојат само за восхит
и верувам во себе
иако знам дека ништо не се исплати.
srijeda, 17. kolovoza 2011.
приказна
Тука е крајот на една успешна приказна
што ме тера да продолжам без старите пријатели
па да се изгиднам меѓу ѕвездите
за да озборувам од високо
а во деновите има мрак
во душата снег
во главата провев
ова е крајот на една убава приказна
што ме тера да одам понатаму
без пријателите што премногу ги сакам.
што ме тера да продолжам без старите пријатели
па да се изгиднам меѓу ѕвездите
за да озборувам од високо
а во деновите има мрак
во душата снег
во главата провев
ова е крајот на една убава приказна
што ме тера да одам понатаму
без пријателите што премногу ги сакам.
srijeda, 3. kolovoza 2011.
солзите претекуваат
Понекогаш солзите претекуваат
кога не знаеме што со себе
кога чешламе погрешни одлуки
кога праведните луѓе ги снемува
како што ја нема ни Халеевата комета
понекогаш ја посакувам леснотијата на конфетите
и сјајот на лампионите
а во претходниот живот пред да умрам
направив чашите да летаат
понекогаш солзите претекуваат
а јас на чуда одамна се навикнав.
кога не знаеме што со себе
кога чешламе погрешни одлуки
кога праведните луѓе ги снемува
како што ја нема ни Халеевата комета
понекогаш ја посакувам леснотијата на конфетите
и сјајот на лампионите
а во претходниот живот пред да умрам
направив чашите да летаат
понекогаш солзите претекуваат
а јас на чуда одамна се навикнав.
utorak, 2. kolovoza 2011.
статуа од камен
Ми вети ќе дојдеш
за ескимската Нова година
или за Свети Валентин
што се слави во долгото и топло лето
ми вети ќе донесеш рози
колку што имам години
ме поли со прашина и цимет
и ме остави да чекам
и деновите се пребројаа
и многу вода протече низ селските чешми
и луѓето си тераа по свое
а јас сум статуа од камен
со губитнички раце
но ова тажно срце
те поздравува каде и да си.
за ескимската Нова година
или за Свети Валентин
што се слави во долгото и топло лето
ми вети ќе донесеш рози
колку што имам години
ме поли со прашина и цимет
и ме остави да чекам
и деновите се пребројаа
и многу вода протече низ селските чешми
и луѓето си тераа по свое
а јас сум статуа од камен
со губитнички раце
но ова тажно срце
те поздравува каде и да си.
патувам
Патувам со ветер во косата
со надеж голема колку коцка шеќер
со мали немири што во секое време
ќе ги победам
патувам со ветер во облеката
запознавам несреќни луѓе
чии имиња звучат убаво
среќавам фригидни жени
со магнетна привлечност
гледам мртва природа
што чека да оживее
и од ден на ден патот се менува
затоа што ова наше време е само невреме,
носталгија и непребол.
со надеж голема колку коцка шеќер
со мали немири што во секое време
ќе ги победам
патувам со ветер во облеката
запознавам несреќни луѓе
чии имиња звучат убаво
среќавам фригидни жени
со магнетна привлечност
гледам мртва природа
што чека да оживее
и од ден на ден патот се менува
затоа што ова наше време е само невреме,
носталгија и непребол.
ponedjeljak, 1. kolovoza 2011.
последно писмо
Го запалив последното писмо
за да не дознаеш
како ќе го пополнам испразнетото место
како ќе изгледам после десет години
дали ќе си направам соѕвездие
или ќе се задоволам со мало фенерче
го запалив последното свое писмо
и сега напразно трагам по неговиот вечен дом.
за да не дознаеш
како ќе го пополнам испразнетото место
како ќе изгледам после десет години
дали ќе си направам соѕвездие
или ќе се задоволам со мало фенерче
го запалив последното свое писмо
и сега напразно трагам по неговиот вечен дом.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)