Паѓа ноќ
тонам во длабок сон
црни цветови растат во мојата душа
не заради тебе што си одиш
заради другите што остануваат во мојот живот
тежок чекан е злобата
фрлена од гневните на невините
црни цветови се вијат во мојата душа
сега сум сигурна
во сон ќе ги пресечам ластарите.