subota, 28. travnja 2012.

што направи?

Што направи?

кога ми објави војна?

како ми продаде злоба за жени? 

ми ги избрка саканите луѓе 

ми прати немирни бранови

да ме следат

да го земат она малку што ми остана 

што направи? како само ме растажи?

до срж ме разочара 

но што и да направиш 

моето име ќе ме надживее мене.

ponedjeljak, 23. travnja 2012.

рака со дијаманти

Ти дадов лето и цела година се почна и заврши како сон случајно растурив водена магија и по навика солза не пуштив мојата рака со дијаманти те поздравува но кому му е потребна другава дланка полна со жар?

ponedjeljak, 16. travnja 2012.

мислиш на мене

Ме викаш на другата страна
мислиш на мене
ми го подаваш малиот прст
а јас прибирам роса и калдрма
да направам клупа
да се поткачам
да те дофатам за миг
затоа што надежта во мене
два пати на ден умира
а третиот пат воскреснува
мислиш на мене
во ова време и тоа е доволно.

subota, 14. travnja 2012.

погрда од пепел

Ќе бидам погрда од пепел
ако ти простам
ако ја фрлам наметката од моето лице
ако меѓу копјата на залезот
убавиот сон го продадам за лага
ако ја присвојам злобата што ја нудиш
погрда од пепел да бидам
ако ти отворам пат за назад
тебе кој свесно бараш една шанса
а потајно сонуваш за илјада други.

ponedjeljak, 2. travnja 2012.

многу за зборување

Сенките ги пратив на спиење
во дијалог со небото не спомнав ништо
без тебе и со тебе не сум совршена
во мојот видокруг светот станува огромен
а човековата душа расте без ограничувања
ги изгасив жолтите и зелени фенери
имам малку за пишување
и многу за зборување.

последниот бисер

Ти го давам последниот свој бисер
затоа што ѓердан не ми остана
ниту поезија во суперлативи
сега ми фали раката на послабиот
и моќта на посилниот
за да ги прегазам оние што ме згазиле
и да ги преболам
оние што никогаш не ме сакале
ти го давам последниот мој бисер
што сакаш направи му
кога тој ќе се помири со безвредноста
мене одамна ќе ме нема.