ponedjeljak, 20. travnja 2020.

сонување во празно

Сонувањето во празно
е бесплатно
а сепак чини прескапо. 
Никој не предвидува 
каде ќе заврши
еден отсутно залутан поглед. 
Кафето на масата 
што долго те чека 
проштално писмо ти пишува. 
Ноќта ни раѓа куќи
во кои ќе се вселиме
откако одново
ќе се родиме. 
Улицата им припаѓа 
на портокалите
штом залезот
ќе скршне зад ридови. 
Сонувам во празно
мојата стреа плаче
за среќата 
од која кусур не земавме.