subota, 17. listopada 2015.

моќ

Се насмеа на мојата сиромаштија
иако беше стопати победна од мене 
и носеше катран во својата самоуверена појава. 

Носев вода во решето 
за да ги полевам своите полиња
кои сега наместо жито раѓаат пари. 

На оние што сакаат да влезат во нашиот дом 
да присвојат сè, што е наше 
им го кажав погрешниот правец
да патуваат со воз во пеколот
таму каде ѓаволот им го копа гробот. 

Имам моќ во мислата, зборот, делата и карактерот. 



господар на небото

Тешко е кога црни птици ќе те нападнат 
да се бориш сам против сите. 
Ако си господар на небото
истерај ги црните мисли
од мојата глава 
и дај ми бел венец
за да си го украсам челото. 
Немам што да оставам во залог
освен мојата душа и срце што молчи. 

četvrtak, 20. kolovoza 2015.

вечен живот

И оваа вечер ќе заспијам 
со спомени од едно убаво време
спакувано во куферот на минатото.
Додека да те повикаат бадемите од моите очи

додека научиме да живееме
ќе помине животот во пуста празнина.
Ќе останат минуси и плусови

за сите добрини, гревови, грешки, 
за еден прескокнат сремеж
за еден вечен живот.

srijeda, 3. lipnja 2015.

лоша комбинација

Ти ги крадам мислите
со брзина на светлина.
Влегувам на прсти во твојот сон
за да те разбудам.
Ти кажувам дека во сите возови
има патници во секое време.
Те лажам дека ќе бидам твоја
еден ден во оваа тажна земја.
Ние сме две добра
од една лоша комбинација. 

srijeda, 27. svibnja 2015.

нов почеток

Го крстив денот 
ќе се вика нов почеток
ќе речам се што е недоречено
ќе направам се што не било сторено 
душата ќе ја поделам со прегради 
ќе се збогувам со луѓето што носат маски 
завршува денот 
што го крстив по сопствено убедување
како парче леб ќе го ставам во торбата 
ќе го носам со мене
оти е нов почеток
почеток за сите нас. 

srijeda, 20. svibnja 2015.

бел лист хартија

Истурам кафе 
на хартија што дише
бел лист како разбој
на него ткаам судбини
бел лист како пајажина
од стихови во совршенство наредени
бел лист како бело знаме
со белина на снег украсено 
истурам гнев на хартија што дише
еден сосема обичен бел лист хартија. 


subota, 16. svibnja 2015.

ме скршивте

Влеговте во мојата темна страна 
без причина ме скршивте
фрливте сите по едно копје 
врз мојата кадифена душа
тажното небо ми го скроивте 
ми го ставивте над глава
ми ги земавте воздухот и водата
ми го заспавте срцето
да не чувствувам болка
на ситни парчиња
безмилосно ме скршивте, 
а јас ќе замижам 
и ќе простам како секогаш.


četvrtak, 7. svibnja 2015.

ми се скрши часовникот

Ми се скрши часовникот
останав млада
и заробена во времето
почнав внатрешно
да венам и умирам
ми ставаа камења во лебот
за да не поминам лесно
во овој тежок живот
ми се скрши часовникот
уште собирам парчиња
под нозете на другите
за да го составам
 и продолжам понатаму.