srijeda, 2. listopada 2013.

оваа далечина

Нема лек 
нема болка
за оваа далечина 
меѓу мене и тебе
што не се опишува 
со прости зборови
нема тага 
нема жалење
само црно петно 
па три точки
и далечина
што прави да бидеме
празна приказна.