petak, 24. svibnja 2019.

ѕвезден коловоз

Половина небо држам на рамо 
ми тежат меридијани
а над мене е ѕвезден коловоз. 

Луѓето носат товар од омраза 
кој го нашле случајно 
копајќи по спомените. 

На заминување
на крајот од патот 
ќе оставам сè што не е мое, 
сè што не ми припаѓа
сè што не заслужувам. 

Откако те нема се претворив во ништо 
слушам тивка симфонија на љубовта

и заспивам на ѕвезден коловоз. 

влегувам во срце од планина

Влегувам во срце од планина 
таму каде не оди секој
кога ќе заминеме 
од нас ќе украдат само сенки 
не враќај ми кусур 
од празни муабети 
додека трчав по тебе 
и го правев најдоброто за нас 
се изгубив себе си 
во животни рокови и црвени линии 
влегувам во срце од планина 
друг избор за среќа повеќе немам.