По втор пат ја изгубив првата љубов,
а не се разочарав воопшто
само очиве со боја на камен
малку се насолзија.
Ти раскажувам како на непознат пријател,
дали ќе ја разбереш мојата болка?
дали во неа можеш да се стопиш?
Сакам кога играта со ѓаволот
ќе стане ангелска игра
кога сувите есенски лисја
во паркот ќе го испишат моето име
кога првата љубов ќе ја изгубам засекогаш
и пак ќе преболам.
Ти раскажувам како на непознат пријател,
некој што доаѓа и си оди...