nedjelja, 17. lipnja 2018.

умирам во седум осмини


Кога ќе ме нема кажи нешто за мене,
но внимавај да не биде празно. 

Тој што не умрел 
не знае како е да се живее. 

Се уриваат лажните љубови
како куќи со кревки темели
и го убиваат човечкото во луѓето. 

Јас секоја година по еднаш умирам 
во седум осмини 
во ритамот на моите чекори 
додека Билјана го бели платното 
и македонската песна патува по светот
додека со стих барам раскош
и трагам по совршенство
умирам во седум осмини
а мојата смрт е болна и неважна.