Не сум стапнала во рајска градина
а јоргованите ме ѕиркаат низ прозорец
јас стопати мерам
еднаш сечам
и среќна сум
мојот видокруг
е поле со шарени појаси
ти наплатив
за сите девојки што си ги повредил
во претходниот живот
и во годините што следат
и малку е
мене јоргованите ме прислушкуваат
под прозорец
а секое место каде тебе те нема
за мене е рајска градина.
Nema komentara:
Objavi komentar