Си ја избрал најлошата варијанта
во мислите си се откажал од мене
уште еден удар
уште еден скршен столб
и после ова
само каменување може да ме убие
последното збогум
е чаша со непролеани солзи
како сум тврдоглава и супериорна
извинувањата не ги прифаќам
тие и онака ништо не менуваат
нека биде како што ќе посакаш
и последно нека е.
Nema komentara:
Objavi komentar