nedjelja, 16. svibnja 2010.

марионета

Ти си мој
а јас не сум твоја
ова е реченица со иронија и болка
телепатски те повикувам
шестото сетило
ми е во левиот џеб
а твојата среќа
е во мојот десен ракав
те читам без да те погледнам
а другите знаат
дека не ме заслужуваш
каков човек си ти,
ти што робуваш на мојата психа
ти што си ми омилена марионета.

Nema komentara:

Objavi komentar