ponedjeljak, 24. svibnja 2010.

седум несреќни години

Работите што не се случиле
ги цртам на стакло
од скршени огледала
не чекаат седум години несреќа
те сликам
со раката подадена во воздух
во знак на исчекување
нека времето ги обои
пејзажите и цртежите
мудро нека одговори
на сите мои прашања
седум несреќни години
седум пеколни лета
и потоа ќе знам
дали и колку ти значев
ќе имам две жички
покрај усните
и навистина ќе биде доцна за се.

Nema komentara:

Objavi komentar