petak, 21. svibnja 2010.

успешна љубовна приказна

На масата имам
најмалку десет уморни моливи
тие сакаат да те опишат
во најдобро светло
толку анонимен и толку добар
тие зборуваат во мое име
во име на мојата мермерна душа
велат дека сме блиску
а не делат само лошите мисли
и лошите луѓе
а секоја вечер
од зад ѕвездените патеки
ѕиркам во твојот сон
таму сме јас и ти
на половина пат
од една успешна љубовна приказна.

Nema komentara:

Objavi komentar