Ние сме возрасни деца
луѓе што пробиваат рокови
и го форсираат времето
заробено во песочен часовник
имам тешко остварливи желби
но не се ужаснувам од своите мани
барам волшебен фотоапарат
што подмладува
и што ќе ги регистрира
кружниците во моите зеници
што ќе ја запечати
текстурата на моите мали раце
и тој волшебен фотоапарат
би ја отсликал
вечната борба
за подобри и поубави нешта
и љубовта што во себе ја носам
а тешко ја покажувам.
Nema komentara:
Objavi komentar