Секој ден ќе ти пеам иста песна
ќе ја преведувам на сите можни јазици
ќе ги проучувам контурите
на твоето лице
а перницата ќе ти го пренесе
мојот внатрешен монолог
но дали те сакам
или само ми се допаѓаш?
што и да си помислил
грешка е
другите и онака се ќе расипат
нема да биде ниту по мое
ниту по твое
но дали те сакам
или во тебе ги најдов
доблестите што другите ги немаат?
Nema komentara:
Objavi komentar