Го запалив последното писмо
за да не дознаеш
како ќе го пополнам испразнетото место
како ќе изгледам после десет години
дали ќе си направам соѕвездие
или ќе се задоволам со мало фенерче
го запалив последното свое писмо
и сега напразно трагам по неговиот вечен дом.
Nema komentara:
Objavi komentar