Ми вети ќе дојдеш
за ескимската Нова година
или за Свети Валентин
што се слави во долгото и топло лето
ми вети ќе донесеш рози
колку што имам години
ме поли со прашина и цимет
и ме остави да чекам
и деновите се пребројаа
и многу вода протече низ селските чешми
и луѓето си тераа по свое
а јас сум статуа од камен
со губитнички раце
но ова тажно срце
те поздравува каде и да си.
Nema komentara:
Objavi komentar