Понекогаш солзите претекуваат
кога не знаеме што со себе
кога чешламе погрешни одлуки
кога праведните луѓе ги снемува
како што ја нема ни Халеевата комета
понекогаш ја посакувам леснотијата на конфетите
и сјајот на лампионите
а во претходниот живот пред да умрам
направив чашите да летаат
понекогаш солзите претекуваат
а јас на чуда одамна се навикнав.
Nema komentara:
Objavi komentar