На подот гледам стрели
а сопатникот е со рането срце.
И по толку прочитани книги за животот
јас сеуште сум неука.
Ќе се фрлам во огномет со десет бои
ќе го направам невозможното
возвишеното ќе го допрам
својата добра волја ќе ја помножам со десет
ќе расчистам со емотивноста
ќе сторам се
за да не бидам слуга на тагата.
Nema komentara:
Objavi komentar