subota, 2. lipnja 2012.

кој си ти?

Кој си ти 
од каде доаѓаш
што бараш во ова срце полно со лета 
како ме најде скриена во мракот
кој си ти што молчиш
ти што носиш пурпурни дождови во мислите 
ќе бидеш гостин или домаќин 
ќе станеш пријател или предавник во низа
кој си ти 
и што носиш со себе и во себе?



Nema komentara:

Objavi komentar