Тој што свесно ме излажал
нека бега од огледала
јас ќе си го видам лицето
во мојата проѕирна дланка
сама на себе ќе си шепнам
дека е доста од површни контакти
и во капка вода ќе си ја измијам душата
на песок ќе ја фрлам негативната енергија
што врз мене ја истураат
тој што намерно ме разочарал
нека бега од огледалата,
од луѓето, од божјата казна и од себе.
Nema komentara:
Objavi komentar