Јас сум стаклена жена
не удирај по моите надежи
ќе ги скршиш своите раце
ќе ја изгребеш текстурата на моето лице
ќе ме растажиш,
ќе ме изгубиш за навек
јас сум жена од стакло
со многу изгубени битки
со длабоки резби во душата,
а љубовта е луксуз на сегашноста.
Истурив мастило врз твоите иницијали
затоа црвенеам како булка
ги отварам кафезите
ги ослободувам птиците
ги отфрлам стравовите
и ги негирам извинувањата
една врата заклучувам
а отклучувам сто нови
душата е слободна и збунета
деновите се неотповикливо бреме
заради твоите иницијали
твоето его
твоите траги во времето непремостено.
.