utorak, 16. travnja 2013.

нема назад...

Нема златни рипки

ниту втори шанси 
не се враќаат саканите луѓе
ниту оние што некогаш не сакале 
возовите одат напред
а ние растеме во туѓите очи 
со ножички на оригами ја кроиме судбината 
а времето плови на сончеви сидра 
нема назад, 
нема никогаш...

subota, 13. travnja 2013.

ѕвезди

Ме нема никаде
потонав во длабок сон
торнадо од ѕвезди го собори моето тело
сама самотија свири на харфа 
од другата страна на ѕидот
јас ништо не слушам, 
а сепак уживам
о, небесни ѕвезди накитени со тишина 
земете ме во своето безгранично јато...