Во зелено поле ја гледам твојата куќа
и куќата ме гледа мене
после дожд патеката што ме носи кај тебе
е покриена со сребро
твоето библиско име
почива на моите усни
во рајско поле е твојот дом
но, кога застана под туѓата стреа
ја видов твојата лажна добрина.
Nema komentara:
Objavi komentar