Твоето небо е моја хартија таму горе некој друг пишува за пофалба без награда за ловоров венец за луѓето што се како дрво без корен за убавите жени како самовили твоето небо е моја хартија таму ја оставив првата буква од своето име...
Ќе заминам сама на планина за да се соочам со своите стравови сега кога знам дека ниту ме сакаш ниту ќе бидам твоја ќе и удрам шлаканица на пијаната ноќ и на луѓето во неа ќе заминам сама на планина сама во црна перулина.