Пропаѓа земјата по која чекорам
во нејзината утроба се грабаат демоните
што сакаат да не проголтаат
да ја покријат иднината на моите луѓе
со црни тантели и везови,
да ни земат се што имаме,
да бидат господари на туѓото,
да не протераат како птици преселници
тоне земјата по кај одам
земјата пријател
земјата што бескрајно ја сакам...
Nema komentara:
Objavi komentar