Исплашена од дождот
избегав во едно осамено село.
Таму добрите луѓе
засеале детелинки со четири листа
на покривите на колибите.
Негова е среќата,
на тој што ќе ја пронајде.
Врне дожд насекаде
капките ме одминуваат
додека го чекаме автобусот кон среќен живот.
Моите широко насмеани очи велат:
“благодарам на сите, благодарам за се“.
Под широката дабова крошна
имам проблем да ја препознаам
твојата остарена убавина.