subota, 17. listopada 2015.

моќ

Се насмеа на мојата сиромаштија
иако беше стопати победна од мене 
и носеше катран во својата самоуверена појава. 

Носев вода во решето 
за да ги полевам своите полиња
кои сега наместо жито раѓаат пари. 

На оние што сакаат да влезат во нашиот дом 
да присвојат сè, што е наше 
им го кажав погрешниот правец
да патуваат со воз во пеколот
таму каде ѓаволот им го копа гробот. 

Имам моќ во мислата, зборот, делата и карактерот. 



господар на небото

Тешко е кога црни птици ќе те нападнат 
да се бориш сам против сите. 
Ако си господар на небото
истерај ги црните мисли
од мојата глава 
и дај ми бел венец
за да си го украсам челото. 
Немам што да оставам во залог
освен мојата душа и срце што молчи.