subota, 10. srpnja 2010.

ветрушка

Јас сум ветрушка
што не си ги препознава очите
што на заем бара длабок сон
за да се одмори од лицемерие
јас сум ветрушка
љубопитноста ми е жарче
изгаснато на крајбрежјето
подвижниве мисли
патуваат без куфери
но научив една важна работа
почетокот и крајот
немаат ништо заедничко
тие се врвки за сечии чевли
јас сум мала ветрушка
ги обожавам луѓето што ме сакаат
а останатите
ги ставам на листа за чекање
или ги праќам во последен ред.

Nema komentara:

Objavi komentar