Можеш да ме удриш
индиректно да ме казниш
да ме натераш
да бидам затворена школка
тајните да ги свиткам
во зрно ориз
но ти не знаеш
што сум наумила
не го менуваш текот
на моите случувања
и нема да го земеш
она што природата
ми го дала
недопирливите
јас и онака не ги освојувам
ќе никнам во безброј срца
и други и туѓи
а за тебе ќе бидам
неправедно казнета.
Nema komentara:
Objavi komentar