Не предизвикувај ми главоболка
само затвори ја вратата однадвор
медитирајќи ќе ги набљудувам
мередијаните и флуоресцентните ѕвезди
на плафонот
минатото нема да го испеглам
но иднината ќе ја носам на раменици
како скапоцена марама
резервирано е ова срце
си има свој владетел
што сите го знаат
ама никој не го познава.
Nema komentara:
Objavi komentar