Светилките во ноќта ме поздравуваат
една за мене
една за тебе
така си делиме прегратки
тоа е она што се памети
се друго е во ќелиите на заборавот
пешачам спротивно на ветрот
научив сама да летам
и да трчам без сопнување
со пропаста на оваа љубов
јас се спасив себе си
а ти пропушти многу
но циклусот продолжува
една за мене
друга за тебе
си делиме мистериозни насмевки
љубовта е во почетен стадиум
остана само симпатија.
Nema komentara:
Objavi komentar