Ти си во цутот на доцната младост
бараш мојот лелеав фустан
со рајски бои
да го заменам
со твоето знаме на половина копје
се навраќаш на пресушени кладенци
овие две стомни се твој спас
ќе ги скршам
пред да ја ублажиш жедтта
јас што бескрајно ги сакам блиските
јас што со своето присуство
го бојам просторот
имам само една карта
само уште една опција
во засуканиот ракав
но не го давам својот ленен фустан
за цутот на доцната младост.
Nema komentara:
Objavi komentar