Во шумата има манастир
и стогодишен даб
со листови наместо перчиња
со годови наместо родендени
со дебела кора
што го покрива телото
во шумата
ќе ги најдам годишните времиња
што во тебе се заљубиле
ќе ги скршам твоите остри зборови
како садови од порцелан
ќе се скријам
од твојата себична љубов
во шупливото срце на дабот.
Nema komentara:
Objavi komentar