utorak, 5. travnja 2011.

оддишка

Душата и раката се твои
ама прстенот е туѓ
фустанот е снежен
а букетот се родил во ноќта
затоа дај си оддишка
ти што многу работиш
додека другите се богатат
ти што на долго и широко зборуваш
и често патуваш
како ликовите на еден познат Бразилец
дај си оддишка
ти и совршенството го разобличуваш
и немирот го украсуваш
а не плаќаш
за воздухот што го дишеш
дај си оддишка
бидејќи мал е векот и светот
за да порази едно човечко срце.

Nema komentara:

Objavi komentar