Ме тераш да застанам
да се замислам
па да се покајам
што те сретнав
во погрешно време
ме тераш
да бидам втора виолина
да ти дадам трета,
четврта и петта шанса
па да ги фрлам црните чевли
што носат несреќа
ме тераш
да размислувам во еден правец
да се поклонувам на машката суета
и да се помирам со судбината.
Nema komentara:
Objavi komentar