nedjelja, 10. travnja 2011.

се би напуштила

Заради тебе се би напуштила
би се откажала од старите навики
би ги запалила книгите
што друг ми ги подарил
би го заборавила
послужавникот со приказни
заради тебе се би напуштила
би ја жртвувала женската доминација
и би те довикувала тивко
со шумот на тревите
би направила поток од солзи
среде зелени рамнини
а во нив мали бродови
од сребрена хартија
и се би направила
и сите би ги напуштила
само кога ти би се откажал
од твоите авантури
налик на жив песок.


Nema komentara:

Objavi komentar