ponedjeljak, 11. travnja 2011.

најдобар си

Пред спиење
ја вадам насмевката од лицето
и заљубеноста од срцето
и се сеќавам
на твојата неповторлива
и носталгична душа од памук
најдобар си
кога простум го чекаш животот
кога си на метар
или километар од мене
најдобар си
кога бараш мир
на северниот пол
или во соседството
кога не ме сакаш
ниту ме посакуваш
најдобар си
и глина да бидам
и да се растопам
во грутки црвена земја
и тогаш нема да ја заборавам
твојата душа од памук
што болува
како големо стапало
стиснато во мало детско чевелче
најдобар си!


Nema komentara:

Objavi komentar