nedjelja, 17. travnja 2011.

ме купи

Ме купи
со синото и зеленото
што убаво ти прилега
со скромноста и спонтаноста
со кои си се родил
со духовната рамнотежа
и со немите дијалози
ме купи
со името што ми се допаѓа
со три самогласки и две согласки
со душата што нема да ја извалкаш
ме купи,ме освои,ме плени
а другите можат само да сонуваат
за една љубов што не умира.

Nema komentara:

Objavi komentar