subota, 23. travnja 2011.

хоризонтот

Хоризонтот го шири енергетското поле
и ќе ме прими во својот дворец
ќе се оддолжам
ќе бидам како ученик со сите петки
ќе се отворат среќни патишта
ќе го споделувам овој флуид
што може еден цел град да покрие
хоризонтот ќе ме прифати
и во сон ќе патувам
низ раскошни места што ја слават
и благородната и модерната
и древната и неразбраната уметност
што некој мора да ја создава.


Nema komentara:

Objavi komentar