nedjelja, 24. travnja 2011.

извинување

Три лалиња без мирис
нека осамнат на прагот
наместо извинување
остави ми кратка,јасна и моќна порака
во демоде плик
донеси ми кибрит
со три шкорчиња
за да ги запалам лагите
по кои те познав
дека доаѓаш од друг свет
три жолти крина
нека осамнат на прагот
наместо извинување
што и онака ништо нема да промени.

Nema komentara:

Objavi komentar