Ова се проклети околности
жал ми е што се вака испадна
што не знам каде си
што без тебе вегетирам
и не знам кој кому
треба да простува
и кој е виновен
за да го казнам со змиски поглед
ова се проклети околности
ова е вакуум во кој
и триумфалните љубови потклекнуваат
и завршуваат неславно.
Nema komentara:
Objavi komentar