Молчам како риба
ама ги гледам несреќните луѓе
што така се родиле
така живеат
и така го напуштаат овој шарен свет
со многу можности
молчам како риба
ама ги забележувам жените
што во торбите носат
клетви,клевети и пакости
а мојата среќа е висока гранка
на разгрането дрво
мојата несреќа е во последниот вагон
на возот што еден ден
ќе ме стаса некаде
јас не сум човек
јас сум вредна и несреќна риба
што цел живот пишува и само пишува.
Nema komentara:
Objavi komentar