utorak, 31. svibnja 2011.

сеуште те има

Сеуште те има
во споменарите што се распаѓаат
во чоколадните нијанси на мојата кожа
што сами се создале
под сончевите стебла
сеуште те има
во деновите што поминале
во тајните што не би ги продала
во зборовите што се мои надстрешници
сеуште те има
а сепак си ми отсутен.

Nema komentara:

Objavi komentar