Некој создал свет за шест дена
а јас поминувам низ десет врати
пешачам дење и ноќе по стрмнини
танцувам на конец
и правам се за да стигнам
до далечниот светилник на книжевниците
а во себе верувам
бидејки другите велат оделе по трња
а јас боса чекорам по стакло
бидејки гладот и жедтта не ги чувствувам
а храмовите постојат само за восхит
и верувам во себе
иако знам дека ништо не се исплати.
Nema komentara:
Objavi komentar