petak, 19. kolovoza 2011.

куклите ме водат

Куклите ме водат дома
во градот на тагата
во земјата со големи разочарувања
каде еден наивен човек
среќата ја градел со црвени цигли
а јас волонтирам за ситна добрина
и спијам заштитена со сребрени пајажини
куклите ме водат на места постојано исти
а јас со овие аматерски пишувања
ги носам во бајки
во кои ништо не може да биде горчливо.

Nema komentara:

Objavi komentar