Денеска сум среќна како факел што гори
приложив жртва
пролеав солзи и ги удавив непријателите
талентот го задржав во срцето
оној што на вага не можете да го измерите
саканите лица ги вратив на своето место
ставив неколку катанци за никој да не им наштети
денеска сум среќна како факел што гори
бидејќи останаа уште цели пет минути
до големата победа.
Nema komentara:
Objavi komentar