Имаше лоши денови
кога земјата гореше
кога ми ги отуѓија сите добри особини
кога моите предмети мирисаа на мастило и на страв
кога вложениот труд го фрлив во мирна вода
имаше лоши денови
кога небесниот свод гореше
го запалив со лутината што во мене галопираше.
Nema komentara:
Objavi komentar