subota, 27. kolovoza 2011.

гостинка

Денеска е петок
случајно те сретнав
се беше кажано со една воздишка на трепките
годините не те направиле подобар човек
а јас сум гостинка во црно и црвено
околу мене се трупаат добри и лоши работи
се вртат вретена и тркала
денеска е сабота
а јас сум гостинка што не може да оцени
дали вечерата ќе биде вкусна.

Nema komentara:

Objavi komentar